Фото: Автомобил прегази велосипедист кај Мавровка

Околу 14 часот на раскрсницата на трговскиот центар Мавровска се случи сообраќајна незгода во која беше повреден велосипедист. 

Според првичните информации автомобил марка „БМВ“ удрил во велосипедот. Велосипедистот со тешки телесни повреди бил пренес на скопските клиники.