
До редакцијата на Скопје Инфо, наш читател испрати фотографија од автобуска постојка во Хром, на која може да се забележи дека веднаш до постојката има расфрлано поголема количина на отпад.
Станува збор за автобуската постојка позната како „последна 4-ка“, односно „Хром Т“.
Фотографијата покажува дека освен купиштето со отпад, автобуската постојка исто така е во вандализирана состојба и прашање е колку е чиста за да се седне и да се почека автобус.
