(ФОТО) Армискиот Баталјон на специјални сили и Специјалните сили на САД реализираа заедничка обука за усовршување на тактиките и техниките

Во рамки на континуираната соработка и размена на искуства меѓу Баталјонот на специјални сили и Специјалните сили на САД, во периодот од 14 јули до 12 август била реализирана здружена обука насочена кон унапредување на нивото на подготвеност и оперативните способности на припадниците на специјалните сили, информираа утрово од Армијата.

Обуката опфатила заеднички активности и вежбовни сценарија преку кои припадниците имале можност да ги усовршат своите тактики, техники и процедури, како и да разменат искуства и најдобри практики од областа на специјалните операции.

„Ваквите активности претставуваат значаен придонес кон зајакнувањето на сојузнничката соработка, размена на знаења и искуства и континуирано унапредување на способностите на специјалните сили за одговор на современите безбедносни предизвици“, посочуваат од Армијата.