Младата македонска пејачка Антониа Гиговска денеска наполни 22 години, а притоа ги израдува своите фанови со веста дека е бремена.
Антониа денеска е во Копаоник каде што го прослави роденденот со нејзиниот партнер, а притоа ја откри веста преку нејзиниот профил на Инстаграм.
-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно, напиша Антониа.