
Скопјанец од населбата Аеродром алармираше дека непознат сторител извршил кражби во два влеза од зграда среде бел ден.
Во објава во Фејсбук групата „Општина Аеродром – пријави проблем“ скопјанецот Борис наведува дека лицето влегло од еден во друг влез и извршило кражби во двата.
„Само да ве предупредам и тука на ликот (ако успеете да го приметите), дека ‘оперира’ по зградите. Кај нас влегол од еден во друг влез, во двата ограбил. На пладне!“, пишува во објавата.
Скопјанецот воедно побара помош од граѓаните доколку некој има информации за исчезнат велосипед да го контактираат.
