
Вчера од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен бил претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново.
Од МВР информираат дека при претресот, пронајдени биле над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Б.Н. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.