Формула 2-2-2 која мораш да ја пробаш ако врската ти е во криза

Дали сте слушнале за правилото 2-2-2?

Ако некогаш сте биле во долга врска, дури и ако моментално се наоѓате во долга врска, тогаш сигурно знаете колку работите може да станат досадни. Без разлика на тоа колку многу го сакате партнерот, неминовно е во еден момент вашата врска да стане монотона (или барем помалку возбудлива од почетокот) и можеби ви се чини дека нема простор за напредок. Ако сте се нашле во таква ситуација, тогаш е време да го испробате таканареченото правило 2-2-2 кое ќе ја спаси врската и ќе ја подигне на едно ново повисоко ниво.

Правилото 2-2-2 во односите постои за да внесе во нив малку возбуда и забава. Имено, познато е дека колку што е парот подолго време заедно, партнерите во врската престануваат да се трудат, повеќе не се романтични како на почетокот на врската и сѐ поретко поминуваат квалитетно време заедно. За среќа, тука е ова правило кои вам и на вашиот партнер ќе ви помогне да се извлечете од рутината и ќе ве мотивира да станете поактивни, а всушност е многу поедноставно од тоа што на прв поглед ви се чини.

Спомнатото правило се состои од три многу едноставни чекори. Секои две недели вие и вашиот партнер треба да излезете на состанок, било да е во прашање кино, вечера или нешто трето. Потоа, секои два месеци би требало да отпатувате некаде на викенд, а секои две години да земете една недела одмор и да отидете на некое подалечно патување само вие двајцата.

Се покажало дека баш ова е магичната комбинација за секоја врска, што секако не значи дека тоа е изводливо секогаш и за секој пар.