„Формите на градот“ – изложба на Марко Вујисиќ

Во галеријата „Акантус“ се одржува самостојна изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ насловена „Формите на градот“. 

Кураторката на изложбата Дијана Томиќ-Радевска посочува дека како млад автор и жител на Скопје, Вујисиќ преку оваа изложба ни ја претставува неговата поетска слика на доживување на градот. Делата се изработени во различни техники – графика, акрил, масло на платно и комбинирана техника.

Самостојната изложба на Вујисиќ е поддржана од годишната програма за култура на Град Скопје и за посетителите ќе биде отворена до 20 февруари.