Формиран Бизнис клуб на општина Ѓорче Петров

Оформен е економски социјален совет-бизнис клуб на општина Ѓорче Петров, врз основа на Одлука донесена на Совет.

На денешниот прв состанок се усвои Деловникот за работа на бизнис клубот и се донесоа заклучоци во насока на оперативно функционирање на клубот. Првите чекори ќе бидат изработка на програма за работа и формирање на работни тела по одделни секори на бизнис заедницата. Генерален впечаток на присутните беше дека ова е позитивен чекор во градење партнерство меѓу општината и бизнис заедницата. Се разменија и искуства за идна соработка, а од страна на општината се презентираа и конкретни развојни проекти.

Досега пристапија над 30-тина компании од Ѓорче Петров, но останува отворена можноста и други фирми да станат дел од бизнис клубот, преку потполнување пристапница за членство.