Фонтана на плоштадот Македонија не работи - нема кој да ја одржува

Површинската фонтана на плоштадот Македонија не работи оти Град Скопје нема избрано фирма која ќе ја одржува, пренесува СДК

Пред почетокот на летната сезона во центарот на Скопје беа пуштени фонтаните на Александар Македонски и оние на плоштадот Филип Втори, но прскалките на површинската фонтана не проработеа.

Од Град Скопје велат дека фонтаната не можат да ја пуштат во употреба додека не се регулира нејзиното одржување.

„Прскалките од таканаречената сува фонтана, на градскиот плоштад сè уште не се пуштени затоа што не се опфатени со стариот договор за тековно одржување, кој беше склучен пред две години. Имено, истите на почетокот биле експериментално пуштени во употреба и повеќе не може да се пуштаат досега не се регулира одржувањето. Очекуваме наскоро да се изрегулира и тоа прашање и истите да бидат ставени во употреба во рамки на сезонските режими за работа на фонтаните и прскалките на јавни површини“, велат од Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов пред три месеци најави дека одржувањето на споменици и фонтаните, нема да ги одржува приватна фирма тука јавните претпријатија.

„Во јули 2016 склучи договор со градежното претпријатие „Бетон“ за одржување на спомениците од ’Скопје 2014‘ во рок од 2 години, за што доби околу 100.000 евра. Договорот со „Бетон“ истекува во јули годинава, а потоа ние ќе го преземеме одржување и нема да не чини толку многу пари“, рече Шилегов.

Површинската фонтана се изгради пред три години кога градоначалник беше Коце Трајановски во рамките на проектот за реконструкцијата на плоштадот кој чинеше 2,5 милиони евра.