Фонт како ракописот на Кочо Рацин

Уметникот Ласко Џуроски на Фејсбук објави дека работи на фонт инспириран од ракописот на големиот Кочо Рацин.

Со помош на оригиналните записи на Рацин и неговите автентични стихозбирки, Џуроски создава дигитална типографија, која е всушност автентична на ракописот на поетот од Велес. 

Џуроски е познат по тоа што дизајните на банкнотите од 200 и 2000 денари се негови уметнички решенија. 

На Фејсбук тој напиша дека иако треба да се направат одредени измени, сепак се обидува во најголем дел да го зачува оригиналниот ракопис на Рацин.