Фондот од 31 милион денари за наградната игра со фискални сметки е само за тие кои скенираат

Скоро 150 илјади граѓани месечно активно скенираат 7,5 милиони сметки а првата исплата според најавите на МФ на нивни сметки ќе легне во декември. Засега задоволни од резултатите надлежните решија да ја унапредат мерката која според нив дала резултати.

Интересот на граѓаните е и причина поради кои на крајот на ноември ќе стартува наградна игра со која ќе се освојуваат парични награди.

Со фонд од 31 милион денари министерството за финансии ќе доделува парични награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво.

Условот да бидете дел од наградната игра е да барате задолжителна сметка, а потоа да ги скенирате.