ФОЛТИН и Летечки Пекинезери со концерти за дочек на Нова Година во Скопје

На 31-ви декември, во 22 часот, во ноќниот клуб Станица 26 во Скопје, за дочекот на Нова Година ќе се одржат концерти на ФОЛТИН и Летечки Пекинезери. После концертите публиката ќе продолжи да ја забавува скопскиот диџеј Адо.

Влезниците за настанот се достапни во претпродажба во кафе-баровите: CHE, Coffee Factory во Дебар Маало и Coffee Factory на ул. Македонија, како и on-line на www.mktickets.mk по цена од 650 денари, а ќе бидат достапни и на самиот влез на настанот по цена од 800 денари.

Настанот е поддржан од Тиквеш, Амстел и Абсолут, а Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе ги потсети присутните да прослават одговорно и безбедно да учествуваат во сообраќајот.

Повеќе информации за настанот и понуди за резервации може да добиете тука.