Фолна киселина -  зошто ни е важна и каде можеме да ја најдеме?

Фолната киселина вообичаено се предлага за жените кои се бремени или дојат, но ова е еден од најдобрите витамини за секој од нас.

Photo by Louis Hansel on Unsplash

Без оглед на тоа дали ја земате во вид на храна или пак како суплемент, треба да знаете дека нашето тело самото не ја произведува фолната киселина. Затоа е важно да се потрудиме да ја внесеме преку исхраната.

Ако се чувствувате дека постојано сте уморни, тогаш веројатно имате недостаток од овој витамин. Во својата основа, фолната киселина е всушност витамин Б9. Таа му помага на телото да создава нови црвени крвни зрнца, кои помагаат при движењето на кислородот низ телото, произведувајќи келии на црвени крвни зрнца во правилна форма и големина. Бидејќи нашето тело не може да функционира без циркулацијата на кислород, затоа и таа ни е важна. 

За бремените жени, овој витамин помага во развојот на плодот, односно во намалување на ризиците од мозочни и други оштетувања, вели Линда Николапулос, нутриционист со повеќе од дваесетгодишно искуство во оваа област. Но,таа посочува дека е важна за сите особено во поглед на функционирањето на срцето и крвните садови.

Недостатокот на фолна киселина во нашето тело може да предизвика ризик од кардиоваскуларни заболувања, а според некои истражувања таа го намалува ризикот од заболување од рак и може да помогне кај луѓето кои се вознемирени или страдаат од депресија, бидејќи спаѓа во групата на Б витамини.

Докторите се согласуваат за нејзиното значење и од аспект на спречување на два типа на дијабетес, како и ревматски артритис, а додаваат и дека нејзиниот недостаток може да доведе до анемија, проблеми со коските, губење на меморијата и намалени когнитивни функции. 

Фолната киселина може да се најде во темниот лисест зеленчук како спанаќ, аспарагус, брокули и марула, потоа во гравот и грашокот, кикириките, јајцата, авокадото, црниот дроб и целозрнестиот леб. Освен тоа, таа може да се зема и како додаток во исхраната, но со претходна консултација од вашиот матичен доктор.

Дневната препорачана доза е 400 микгрограми за жените над 20 години, а за бремените жени препорачаната доза е 600 микгрограми. За мажите се препорачуваат околу 800 микрограми. Сепак, докторите и нутриционистите предупредуваат дека не смее да се претерува, односно дневно препорачаната доза не смее да надмине 1000 микрограми, бидејќи тоа може да предизвика дијареа и проблеми со стомакот.