„Фолксваген“ излета од пат пред полноќ - Возачот е тешко повреден

Тешко е повреден 48-годишен возач во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на локалниот пат Струмица – село Просениково.

„На 27.09.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на локалниот пат Струмица – с. Просениково, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) од село Просениково, струмичко, излетало надвор од патот“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струмица.