Флаери и два документарни филмови за превенција од поплави ќе бидат прикажувани во училишта во Бутел

Денеска, четврток, 13.12.2018 г. во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени".

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

Грдаоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во Општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние возрасните и институциите треба да направиме се што можеме до поплава да не дојде.

Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.