
Македонскиот прволигаш Вардар конечно по неколку години несигурност застана на здрави нозе. Откако беа исплатени сите долгови, се започна со формирање на буџетот за да може клубот да биде конкурентен на сите полиња. Извршниот директор, Миленко Неделковски потврди дека за оваа сезона планиран е буџет од 3,5 милиони евра, а се најавува и доаѓање на нов спонзор кој веќе спонзорира клубови од Романија, Бугарија, Хрватска и Унгарија.
Вардарци под полна пареа се подготвуваат за новата сезона, која што наскоро ќе ја отворат со настапи на меѓународна сцена. „Црвено-црните“ со освојувањето на Купот на Македонија обезбеди учество во Конференциската лига, во која во првото коло ќе се сретне со Ла Фиорита од Сан Марино. Првиот дуел е дома на 10 јули, реваншот е на гостински терен.