ФК Вардар добива нов спортски директор

Утре во 11:00 часот во просториите на академијата на ФК Вардар ќе се одржи официјалната промоција на новиот спортски директор на клубот, Дарко Панчев, пренесува Македонски спорт.

Македонската, а воедно и вардарова фудбалска легенда, златната копачка на Европа и најдобриот наш фудбалер на дваесеттиот век,  се враќа во својот матичен клуб, по долги години како засилување кое ќе го направи овој сега финансиски моќен Вардар уште поконкурентен како на домашна така и на меѓународна сцена. Она што Македонски Спорт го најави уште пред повеќе од еден месец, утре ќе добие и официјализација од страна на нашиот најтрофеен клуб. Популарната „Кобра“ му се враќа на својот омилен Вардар, но и на македонскиот фудбал.