Физиотерапевтите на „Вардар“ спасувале патник на летот кон Виена

Димитар Маневски и Виктор Стојанов, физиотерапевтите на ракометниот клуб „Вардар“ му го спасиле животот на еден патник на летот од Скопје кон Виена.

Веднаш по полетувањето на авионот, на еден од патниците му се слошило, па двајцата физиотерапевти му притрчале на помош. Тие успеале да го стабилизираат, за да може безбедно да го издржи летот и слетувањето. По слетувањето патникот бил пренесен во болница во Виена, а тимот на „Вардар“ го продолжил патот кон Полска. Тие денеска ќе го играат својот прв натпревар во Лигата на шампионите против Висла Плоцк.

new nike air max 2019