Физички нападната девојка од својот партнер

Денеска, во Карпош, 32-годишен маж од Србија ја нападнал физички неговата девојка.

„Утрово о 03:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00:00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје“, се наведува во извештајот на МВР. 

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.