Физички нападнат малолетник

Дете било физички нападнато од четири лица во автобус на ЈСП.

Случајот во полиција бил пријавен од неговата баба, а децата кои го нападнале се негови познаници со кои имал претходно недоразбирање.

Настанот се случил околу 19:00 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од с.Сарај кон с.Бојане.

Од МВР, информираат дека се работи на расчистување на случајот.