Физички нападнат цариник на Табановце

На 18.05.2022 околу 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Република Грција.

Тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот.

Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.