Физички напад и пукање во тетовско – Последици од недоразбирање на социјални мрежи

Недоразбирање на социјалните мрежи резултирало со напад, а подоцна и пукање со огнено оружје во тетовско. 31-годишник од тетовско село завршил со повреди во болница. 

- На 05.05.2026 во 18:45 часот во СВР Тетово, В.С.(31) од село Стримница, тетовско, пријавил дека околу 12:00 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, тетовско, поради претходно недоразбирање на социјални мрежи, бил физички нападнат од А.Ш.(25) од Тетово, Ј.А. и малолетник од Тетово, при што се здобил со повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Околу 14:30 часот, А.Ш. и малолетникот сами се пријавиле во полициска станица и по извршен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат, тој е пуштен, додека А.Ш. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, информираа од тетовската полиција. 

Според пријавата, подоцна, во 20:25 часот, сопругата на В.С. пријавила дека во нивниот двор во село Стримница, две маскирани лица кои биле со мотоцикл, пукале од огнено оружје и побегнале.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.