Физички ја нападнал поранешната партнерка и се обидел да ја силува

Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со 44-годишниот М.С. од радовишко село со престој во скопско село откако бил пријавен дека на 28.09.2024 во скопско, физички ја нападнал неговата 39-годишна поранешна вонбрачна партнерка и се обидел да изврши силување.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.