Физички активности кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

Ако ви е тешко по напорниот и долг ден на работа, најверојатно сакате да легнете и дремнете.

Но, експертите посочуваат дека физичката активност е најдобра за ослободување од стресот. Докажано е дека луѓето кои редовно вежбаат имаат пониско ниво на стрес, подобро расположение, но и севкупно подобро ментално здравје.

Стресот доаѓа од повеќе причини и делува различно кај секој од нас. Особено е тешко кога ќе се соочиме со многу информации кои нашиот ум тешко може да ги процесира и тоа создава чувство на преоптовареност. На долг рок, сето тоа има негативен ефект на нашето здравје.

Но, треба да знаеме дека кога постојано се соочуваме со стресот, тогаш треба да го гледаме како нешто негативно и треба да се потрудиме да го елиминираме. Во одредени случаи тој е добар бидејќи помага да се лачат адреналин и кортизол кои ни помагаат да се носиме со некои ситуации, да ги почитуваме роковите, но тоа е само на краток рок.

Физичките активности имаат големо влијание на моторниот кортекс во нашиот мозок. Кога се движиме, тоа е област која има ефект на нашето севкупно здравје и расположение, па така долгорочното односно секојдневно вежбање може прилично да ни помогне да се чувствуваме подобро.

Кои се најдобрите активности за елиминирање на стресот?

Трчање -  многу спортисти и тренери го посочуваат трчањето како најдобра активност за соочување со стресот, но истовремено истакнуваат дека тоа е и вештина која треба да се научи. Важно  е да бидеме свесни за својот капацитет, да почнеме со мали чекори, но и да користиме соодветна опрема која ќе ги спречи повредите.

Прошетки – ова е најдобриот начин за ослободување од стресот по долгиот и напорен ден, а е активност која можеме да ја практикуваме кога сакаме и колку сакаме. 

Јога – јогата е ефективен начин да се ослободиме од хаосот во нашата глава, но и да се концентрираме на дишењето во комбинација со физичката активност.

Тимски спортови – многу луѓе се социјални личности и тие уживаат да се натпреваруваат или пак да работат во тим, па така кога се занимаваат со тимски спортови, тоа воопшто и не е напорна активност за нив, туку напротив претставува задоволство.

Качување на планина – качувањето на планината носи одредено убаво чувство кое го поттикнува лачењето на серотонинот и нè исполнува со добро расположение.