Физичка пресметка заврши со интервенција на полицијата

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(49) и М.Д.(37), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

На двајцата им бил изготвен записник по член 6 и член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, стои во соопштението од полицијата.