Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(49) и М.Д.(37), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
На двајцата им бил изготвен записник по член 6 и член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, стои во соопштението од полицијата.