Физичка пресметка во угостителски објект во Скопје - повредено едно лице

Вчера (28.11.2022), околу 11.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Лондонска“ во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу три лица, од една страна, и Д.Ј.(30) од Скопје и уште едно лице, од друга страна, информираат од Министерство за внатрешни работи.

-При пресметката бил употребен и остар предмет, од кој со повреди се здобил Д.Ј. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.