Физичка пресметка во локал во Центар, приведен осум лица

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода В.П.(20), Б.Н.(21), Д.П.(22), С.Н.(22), Т.Д.(22), К.А.(21), Б.Г.(21) и М.Н.(19), сите од Скопје, затоа што околу 22.45 часот во угостителски објект на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ оштетиле дел од инвентарот и физички го нападнале Г.М.(49) од Скопје.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.