Физичка пресметка помеѓу затвореници во „Идризово“, едниот завршил со повреди на клиника

Вчера во 23.45 часот било пријавено дека околу 22.10 часот во затвореното одделение на КПУ „Идризово“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ш.И.(28) од Скопје и П.С.(28) од Струга, при што П.С. со остар предмет го повредил Ш.И., во пределот на десната надколеница и десното рамо.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил вратен во КПУ Идризово.

Надлежните инситутиции работат на расчистување на случајот.