Физичка пресметка меѓу група луѓе против едно лице

На 16.11.2021 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред трговски центар на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна, и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.