Фитнес клуб работел спротивно на забраната, МВР подготвува кривична пријава

Министерството за внатрешни работи информираше дека по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош - СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“