Фитнес хороскоп: Ако сакате да го доведете телото во форма и да ги стопите масните наслаги, ова се идеалните вежби за вас

Во зима сите качуваме некое кило плус, а во пролет и во лето сите сакаме што побрзо да се ослободиме од нив. За да не се случи она од што најмногу се плашиме сите, да не можеме да „влеземе“ во омилените летни пантолони, време е да се раздвижиме, а хороскопот ќе ни открие на кој начин најлесно ќе ги изгубиме масните наслаги и ќе го вратиме телото во форма.

Овен

Секако дека нема резултати без балансирана исхрана и редовно вежбање. Воопшто не е важно како ќе ги изгубите килограмите, важно е тоа да го правите во пар и важно е да постои предизвик. Желбата да бидете први и натпреварувачкиот дух ќе ве мотивира да се договорите со некој пријател заедно да вежбате и да се натпреварувате кој ќе ги изгуби прв зимските перничиња и на кого прво ќе почнат да му се познаваат стомачните мускули.

Бик

Најголемите хедонисти во хороскопот, најголемите љубители на луксузот, вежбањето и губењето килограми ќе се потрудат да го направат што е можно помалку болно. За да не се откажете од вежбање мора да одберете теретана која има дополнителни содржини како базен, сауна или масажа за да можете да се наградите по напорниот тренинг.

Близнаци

Овој хороскопски знак секогаш сака да биде во движење, па затоа трчање или џогинг ќе бидат совршен спорт за близнаците. Додека трчате можете да ја слушате својата омилена музика или можете да му се јавите на својот пријател/ка и да си поразговарате, а благодарение на вашата постојана активност на социјаните мрежи ќе можете да се пофалите дека сте во процес да си ја повратите физичката кондиција.

Рак

Раковите се домашари, па затоа би можеле да вежбаат дома преку некои апликации за вежбање или YouTube туторијали од разни фитнес тренери. Но, она што раковите посебно ги радува во процесот на губење килограми и во доведување на своето тело во форма е подготовката на храна. Затоа драги ракови, ако уште не сте, можете да започнете да пребарувате иновативни рецепти.

Лав

На огнените лавови им треба нешто динамично и огнено, како што се и тие самите. Затоа би можеле да испробаат курс по зумба или да отидат на курс по танцување, а сите знаеме дека танцот е повеќе од одличен за обликување на телото. Танцувањето ќе ви овозможи да се изразите, а со своите вештини во танцувањето ќе бидете во центарот на вниманието, што кралевите на хороскопот и тоа како го сакаат.

Девица

Педантните девици однапред ќе смислат цел план, програма и рутина. Детално ќе ги проучат калориите, броењето јаглехидрати и протеини. Ќе уплатат членарина во теретана, а таму ќе се консултираат со личен тренер за вежбите и за нивното правилно изведување.

Вага

Баш како што на овните им треба партнер, така и треба и на вагата, но не за да се натпреварува со него, туку за да има некој кој ќе ги инспирира и постојано ќе ги потсетува која им е зацртаната цел. Имено, вагите најдобро функционираат во пар или во тимови. Освен посета на теретана, можете да размислите за некои тимски спортови: одбојка, ракомет, фудбал, па дури и тенис.

Шкорпија

Вие сте знак кој сака екстреми затоа вас ви треба нешто што ќе ве донесе до крајност. Во ред, дигањето тегови е импресивно, но за да го претворите губењето килограми во нешто интересно, би можеле да се одлучите за нешто каде ќе го покажете својот борбен дух. Тука мислиме на нешто како кикбокс. Бидејќи станува збор за знак кој е многу сензуален, можете да одберете и танцување на шипка на која ќе откриете сила за која не сте биле свесни дека постои во вас. 

Стрелец

Најголемите авантуристи во хороскопот и доведувањето во форма ќе го претворат во незаборавна животна авантура. Како што им треба разноликост во животот, така им треба разноликост во рутината на вежбање за да не им се случи да им се здосади и пребрзо да се откажат. Затоа за стрелците ќе биде идеално да се испробаат во планинарење или јавање, односно со активности кои ќе им пружат чувство на авантура.

Јарец

Секогаш дисциплинирани и одговорни, јарците нема никогаш да попуштат пред предизвиците и секогаш сакаат да си задаваат потешки предизвици. Ако сакате да изгубите килограми и да го зацврстите телото, пријавете се на кросфит. Таму чесно ќе се испотите, ќе ги тестирате границите на својата сила и ќе ја доведете кондицијата до максимум.  

Водолија

Водолиите се секогаш желни за знаење и за усвојување на некои нови вештини. Тие не само што сакаат да изгубат килограми, туку попатно би сакале да научат нешто ново и корисно. Затоа, за водолиите ќе биде идеално да се запишат на некој курс за самоодбрана кој ќе го доведе во форма и ќе ги набилда со чувство на самодоверба.

Риби

Рибите треба да вежбаат нешто што ќе ги стимулира ментално и физички. Затоа, можете да одберете јога. Секако, рибите се воден знак и најдобро се снаоѓаат каде на друго место ако не во вода, нив би им одговарало пливање.