Фит салата по рецептот на Џулија Робертс

Оваа салата е една од тајните на кои се должи добриот изглед на Џулија Робертс.

Секако, освен редовната исхрана, Џулија редовно тренирка со познатата инструкторка Кети Келер, која за нејзе има осмислено различни оброци кои и даваат енергија на познатата актерка во текот на долгиот и напорен ден.

Ова е нејзиниот рецепт.

425 гр. варен наут (од конзерва или домашно припремен)

неколку лисја мал (беби) спанаќ, зависно од тоа колку вие сакате

2-3 моркови (рендани)

1 рака ореви

80 гр фета сирење

сол и бибер

маслиново масло и балсамико оцет

Измешајте ги сите состојки во сад и зачинете по ваш вкус. Уживајте во овој здрав оброк.