Финска повторно се најде на врвот на листите кога станува збор за условите во кои растат децата и функционираат семејствата.

Photo by Jessica Rockowitz on Unsplash
Според рангирањето на U.S. News & World Report за 2026 година, Финска е на првото место меѓу најдобрите земји во светот за семејства со деца, пред Шведска, Исланд, Норвешка и Данска.
Причината не е само еден фактор. Во ваквите рангирања се земаат предвид безбедноста, образованието, здравствената заштита, социјалната поддршка и условите што им овозможуваат на родителите полесно да го усогласат семејниот и професионалниот живот.
Финска е позната по својот образовен систем, широката достапност на јавните услуги и политиките за поддршка на родителите. Земјата има и силна култура на користење на природата и јавните простори, што на семејствата им овозможува голем дел од слободното време да го поминуваат надвор.

Photo by Jessica Rockowitz on Unsplash
Интересно е што Финска не е прва во секое светско рангирање за семеен живот, но често е некаде на врвот. На пример, новото рангирање на Global Citizen Solutions ја вбројува меѓу водечките земји, додека едно друго рангирање објавено на 9 септември ја става на четвртото место во светот.
Tука лежи нејзината привлечност – не станува збор само за тоа колку добро функционира државата, туку и за тоа колку поддршка добива едно семејство во секојдневниот живот: од здравството и училиштата, до времето што родителите можат да го поминат со своите деца.