Финансиска помош за спортските клубови од општина Бутел

Денес Општина Бутел распиша јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на Општина Бутел во висина од 4.000.000 денари за помош на спортските клубови. Оваа вест ја објави градоначалникот Дарко Костовски.

„Средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територијата на Општина Бутел. Спортските клубови кои ќе пројават интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите објавени во јавниот повик. Целосната документација која е потребна да се достави како и условите можете да ги најдете на следниот линк: https://shorturl.at/43il8

Продолжуваме со директната помош на спортот во Општина Бутел. Општина Бутел е најспортската општина во Македонија“, напиша Костовски.