Финансиска помош за скопјани во социјален ризик за замена на стари грејни тела со инвертери

Со цел подобрување на квалитетот на воздухот, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објавува повик за финансиска поддршка на социо-економски ранливите домаќинствата од Скопје да ги заменат старите енергетско-неефикасни грејни тела со нови енергетски поефикасни уреди (клима-инвертери).

Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - СИДА преку проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”.

Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во Скопје покажува дека согорувањето на биомаса останува најголемиот поединечен извор на загадување на амбиенталниот воздух, а поради специфичната временска дистрибуција, тоа е главниот двигател на појавата на случаи на големо загадување во текот на зимскиот период.

Дополнително на ова, енергетската криза со која се соочуваме на глобално ниво се повеќе се продлабочува и бара брза реакција и одговорно однесување од страна на сите чинители, а тоа значи што поголема заштеда на енергија и што поголема енергетската ефикасност.

На повикот може да се пријават домаќинствата кои како извор на загревање на домаќинствата користат: o печки на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад o стари енергетско-неефикасни уреди - термоакумулациони печки, панели, калорифери и сл., кои го оптоваруваат енергетскиот систем, а се приматели на социјална помош од страна на Министерството за труд и социјална политика: гарантирана минимална помош (ГМП), посебен додаток, социјална сигурност за стари лица, детски додаток и додаток за образование и прифаќаат да го заменат стариот уред за загревање со нов клима уред – инвертер, кој ќе биде обезбеден преку проектот ги исполнуваат останатите услови од повикот и се согласуваат со истите.·