Финансиска помош од скопска општина за лекувањето на Кико

Секоја помош нè носи поблиску до целта, а тоа е итна и спасоносна интервенција на нашиот Кико, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Скопската општина со еднократна финансиска помош ќе го помогне лекувањето на Кико.

Костовски посочи дека ќе обезбедат дополнителни финансиски средства доколку има потреба.

- Уште еднаш македонскиот народ ја покажа својата големина и помогна кога е најпотребно, напиша Костовски.