Финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче на територија на општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека продолжува мерката за доделување на финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче на територија на општината.

Од 01.01.2022 година за прв пат во општина Гази Баба започна да се имплементира мерката за доделување на финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче, а во 2022 година дури 420 семејства ја искористиле можноста и добиле финансиска помош.

- Реализацијата на овој проект доаѓа од мојата изборна програма со која ја побарав довербата од граѓаните. Оваа мерка продолжува со имплементација и во 2023 година. Ги повикувам сите семејства кои ќе имаат новороденче да аплицираат и да ја искористат можноста, информира Стефковски.