Финансиска поддршка за проекти од спортот во Карпош

Со  мнозинство на гласови, советниците на денешната 24. Седница на Советот на Општина Карпош ја изгласаа Одлука за одобрување финансиска поддршка на проектот „ Школа за пливање, на проектот „Преку  игри без граници  за разрешување на конфликти“, а беа одобрени и финансии за  „ Забавни спортски игри“. 

Членовите на Советот  ја изгласаа и  Програмата за изменување и дополнување на активноститре на Општина Карпош во областа на спортот за 2019 –  та година. Исто така, беше усвоена измената на распоредот на средствата  на Буџетот на локалната самоуправа за 2019 година.  

На  седницата  беше донесена и одлука  за отпочнување со работа на објектот со проширени просторни услови на  ЈУОГД „ Мајски Цвет“ во објектот „ Јасмин“ на ул. „ Женевска“ бр.4. 

Правилниците за систематизација на работните места во четирите детски градинки („Мајски Цвет“ , „ Распеана Младост“, „ Орце Николов“, и “ Пролет“ ) кои функционираат на територијата на локалната самоуправа, исто така беа изгласани од мнозинството од советниците. На оваа седница се донесоа и  одлуките за давање на согласност за започнување на постапка за издавање под закуп на спортските сали на општинските основни училишта од територијата на Општина Карпош за наредната учебна година 2019/202о , како и согласност за  започнување постапка за издавање под закуп на училишен простор ( училници, холови, продавници, магацински простор, помошни училници, подрумски простори и друго) на основните училишта од територијата на локалната самоуправа за учебната 2019/2020 година. 

Со  одлука на Советот беа одобрени средства за плаќање на надоместок за персонален данок на доход и осигувурање во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица , ангажирани за вршење на јавни работи.