Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во Рамстор Мол

Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО маски!

Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2023, или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 1 април на самото место на одржување на настанот.

Право на учество имаат сите деца на возраст од 3 до 14 години, кои ќе можат да земат учество на ЕКО Маскенбалот со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.

Трите најдобри маски ќе добијат награди - штедни влогови од Шпаркасе Банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место - штеден влог од 5.000 денари и за трето место - штеден влог од 3.000 денари!

Но тоа не е се !

Дојдете заедно да се забавуваме со богата програма – многу музика, магионичарски трикови и вештини и одење по штули!

Дружење со маскотите и многу подароци и дегустации!

Бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април во 17 часот во Рамстор Мол!