Филтрирана вода - тајната состојка за приготвување совршено кафе

Кафето е задоволство и потреба без која што повеќето од нас не можат да си го замислат денот, а за овој пијалок целосно да ги исполни нашите сетила најзначајни се состојките. Бездруго, каков е типот на кафето игра пресудна улога, но многумина забораваат и на уште еден битен момент - водата. Ако на правењето кафе гледаме како на хемиски експеримент, тогаш водата е растворувач што од печените зрна кафе ги извлекува вкусовите, што значи и од неа зависи каков ќе биде крајниот резултат.

Несомнено, кога навистина ни се пие кафе, ќе искористиме какви било состојки што ни се на располагање, но со мала внимателност и напор, можеме да добиеме пијалок со извонреден вкус. Тоа значи, наместо да употребуваме обична вода од чешма, истата да ја филтрираме. Предноста на овој пристап е двојна: прво, ако имаме еспресо-машина, водата од чешма по некое време дефинитивно ќе го затне; второ, поради хлорот, вкусот на кафето нема да биде токму таков каков што посакувате.

Употребата на филтрирана вода ќе ги отстрани овие проблеми, а дополнително, и ќе овозможи да внесувате значително поздрава течност во организмот. Развојот на модерната технологија овозможи да има широк избор на пречистувачи на вода, но данскиот бренд Aquaporin отскокнува затоа што е единствениот којшто својот принцип на функционирање го базира на природниот процес. Едноставно кажано, со моделите на овој производител водата се филтрира на ист начин како во најизолираните и најзелените делови од планетата.

Основата на оваа технологија е aquaporin, протеин со којшто се транспортира и пречистува водата во сите живи клетки. Како резултат на еволуцијата од неколку милијарди години, овој елемент станал исклучително ефикасен и селективен, што гарантира дека сите штетни микрочестички се отстрануваат од водата. Моделите на брендот Aquaporin ја превземаат оваа техника од природата, а нивните филтри пропуштаат само вода без бигор, хлор, вируси, бактерии или пестициди. Овој процес е особено брз и ефикасен, степенот на искористена вода се намалува, а како резултат на тоа, пониски се и севкупните трошоци.

Потврда за оригиналноста на оваа технологија е нејзината широка примена во развиените земји, а од неодамна, таа е дел и од вселенските летала на НАСА. Пречистувачите од данскиот производител се достапни и на нашиот пазар, преку официјалниот застапник „Ецотип“. На располагање се ZERO и ONE, два вида модерни пречистувачи од Aquaporin. ZERO лесно се монтира на која било чешма и не бара приклучок за електрична енергија. Со него се добива безбедна вода за пиење директно од чешма, чиј вкус е совршен и не содржи штетни материи. ONE, пак, има ефикасен и модерен дизајн што овозможува висок проток пречистена вода од над 65%, дури и во ситуации на низок водениот притисок. Како резултат на ова, количеството отпадна вода е значително пониско, а со тоа и сметките.

На следниот линк можете да најдете подетални информации за уникатните дански пречистувачи Aquaporin. Истите се достапни и во концепт-продавницата на „Ецотип“ на улица „Орце Николов“, спроти Машинскиот факултет во Скопје.