Филозофија на животот: Не се замарам

Не се замарам : главна филозофија за уживање во животот и престанок на сите грижи. Гајле ми е за лоша врска, гајле ми е за изгледот, за натпреварувањето за парите. Можеме ли да се потрудиме единствената преокупација во животот да ни биде она што ни носи позитивни мисли.

Иако звучи шокантно, ваквата филозофија е духовен чин на наше ослободувања од сите грижи, но и напнатоста која ни предизвикува многу стрес и проблеми. Оваа филозофија е содржана и во книгата на британскиот автор Џон Ц. Паркин во книгата „Не се замарам  - највозвишениот духовен пат“.  Тој во својата книга ја опишува приказната за својот живот каде ја напуштил трката за пари, маркетинг агенцијата за која работел и хаотичниот живот во Лондон, селејќи се во градот Урбино, недалеку од Тоскана во Италија.

Тој потоа го основа холистичкиот центар The Hill That Breathes (Ридот кој дише) каде редовно се одржуваат алтернативни празници и опуштања низ вежбањето јога, но и работилници со наслов „Не се замарам“.

Според Паркин, голем број од луѓето се трудат околу работи кои воопшто не се весели, грижејќи се околу ситници кои всушност не се важни, па го поминуваат совјот живот правејќи работи кои не им одговараат и ги прават несреќи. Тој истакнува дека говорејќи „не се замарам“ всушност се опуштаме, забавуваме и ги слушаме сопствените желби па и тоа што ни го говори интуцијата која секогаш е во право.

Со овие зборови всушност на сите конвенции, униформност и авторитети им велиме дека се важни, но и не толку суштински за нашето живеење. Со нив, се ослободуваме од стегите и од притисокот кој ни кажува какви треба да бидеме, што да правиме и сите оние работи кои стануваат неподносливи. На овој начин, се пронаоѓа смисла во нештата и се добива можност животот да се живее низ малите моменти, на кои не обрнуваме внимание.