Филозофија на среќата: Кратка анегдота и неколку мудри цитати за справување со стресот!

Еден ден, еден човек му пришол на Вилијам Џејмс, американски филозоф и психолог и му рекол: „Вие сте единствената среќна личност којашто ја познавам. Секогаш имате насмевка на лицето, дури и кога се соочувате со најголемите тешкотии.“ Џејмс на тоа се насмевнал и одговорил: “Не се смеам затоа што сум среќен. Јас сум среќен затоа што секогаш се смеам.“

Оваа кратка анегдота најдобро ни ја доловува филозофијата на познатиот американски „филозоф за среќа“, кој верувал дека токму среќата е таа којашто не мотивира и која претставува клуч за човековата еволуција.

Цитатите на Вилијам Џејмс (1842-1910) претставуваат силни мотиватори за преземање на контролата врз сопствениот живот, за вас ги одбравме најмоќни мисли од него...

1. „Песимизмот води кон слабост, а оптимизмот ни дава моќ.“

2. „Најсилното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да отфрлиме друга.“

3.  „Однесувајте се како вашето однесување да може да промени се. Затоа што може.“

4. „Здравиот разум и смислата за хумор се иста работа, само што се движат со различна брзина. Смислата за хумор е всушност здрав разум, само што  танцува.“

5. „Најголемото откритие на мојата генерација е тоа дека човекот може да го измени својот живот со тоа што ќе го смени своето однесување.“

6. „Бидете спремни да прифаќате. Прифаќањето на тоа што се случило е прв чекор во надминување на последиците од која и да било несреќа.“

7. „Секој ден направете некоја работа која радо би ја избегнале. Благодарејќи на тоа, ќе бидете подготвени да го поднесете притисокот кога ќе се укаже неопходната потреба да направите нешто слично.“

8. „Токму нашиот однос на самиот почеток од некоја тешка задача, повеќе од што било, го одредува успешниот исход.“

9. „Уметноста на мудроста се сведува на правилниот избор за тоа што треба да се предвиди.“