Филмски крабеж утринава во Скопје - му впериле пиштол и му го одзеле автомобилот

Утринава се случило разбојништво во Скопје. Според информациите на МВР, утринава  во 02,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.Н.(24) пријавил дека на улицата „Архиепископ Доситеј“ три непознати лица со закана со пиштол му го одзеле патничкото моторно возило „Ауди А4“, со скопски регистерски таблици, мобилен телефон и документи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.