
Татко и син биле ограбени ноќеска на локалниот пат меѓу селата Рашче и Сарај, откако две лица вооружени со огнено оружје го сопреле нивното возило.
Според пријавеното во СВР Скопје, 33-годишниот И.Р. од скопско околу 00:30 часот управувал патничко возило кога бил сопрен од две лица.
Под закана со огнено оружје, разбојниците од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари и други лични предмети.
Случајот бил пријавен во 00:50 часот, а полицијата презема мерки за негово расчистување и за откривање на сторителите.