Филмска ситуација вчера во Скопје: Две жени и маж се гушнале меѓусебе на автобуска постојка за да не ги однесе силниот ветер

Од вчерашното невреме во Скопје, поради кое 15 луѓе завршија во болница, а многу повеќе можеби се уште ги пресметуваат штетите врз својот имот, сепак еден граѓанин забележал и една интересна случка.

Поетот и мултимедијален артист Гаврило Миловановиќ, од прозорец во неговиот дом, набљудувајќи го невремето посведочил како две госпоѓи и еден господин, обидувајќи се да си помогнат меѓусебно поради силниот ветер, се гушнале и така седеле неколку минути.

„Неверојатна сцена. Од прозор кон автобуска гледам како летаат чаршафи и кровови додека 2 жени во пластичната отворена чекална чекаат автобус. Ветрот почна буквално да ги треска од клупа и од земја како на филм од Хичкок. Од спротива за дрво се држи еден господин кој исто не може да им пристапи. Стануваат госпоѓите некако обидувајќи се да си помогнат меѓусебно и одеднаш се гушнаа.  Така останаа цели 3 минути додека не заврши невремето. Фасцинантно е колку основното познавање од хемија и физика помага кога знаеш за тежа и оска и температура но уште пофасцинантно е тоа што ова беше интуиција, емпатија, потреба од човечка гушка во најтешките мигови, космос, љубов, бог. Доказот дека човек е најубав кога е заедно...“, гласи Фејсбук објавата на Миловановиќ.