Филмска бркотница на автопатот Скопје-Куманово: Скокнал од возилото па тоа се судрило со друго

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.М. од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. 

На автопат Скопје-Куманово, после наплатна рампа „Романовце“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Форд Транзит“, кое го управувал пријавениот. Тој не застанал и продолжил со движењето кон Куманово. На булеварот „3-та МУБ“, во близина на зеленото пазарче, пријавениот скокнал од возилото, по што тоа се судрило со друго паркирано возило.

При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти, од кои 28 од Пакистан и двајца од Авганистан, меѓу кои и две малолетни лица.