Филмот „Надвор од границите на реалноста“ пристигнува во кината

Долгоочекуваниот авантуристички трилер со елементи на романса и мистика, филмот „Надвор од границите на реалноста“, во главните улоги со Милош Бикович и Антонио Бандерас, пристигнува во домашните кина овој викенд.

Приказната во филмот е сместена во модерна Москва. Талентираниот коцкар Мајкл (Милош Бикович) собира група на луѓе со хипнотички, телекинетички и телепатски моќи со чија помош би направил голема добивка во казино. Меѓутоа тој се соочува со многу помоќен мистичен ривал и се доведува самиот, како и својот тим во опасност. Како би ги спасил своите пријатели, Мајкл мора да ги помине сите граници.

Покрај Бикович и Бандерас, актерската екипа ја сочинуваат Лубов Аксенова, Јевгениј Стичкин, Вилен Бабичев, Јуриј Чурсин и Петар Зекавица.

Режисерот Александар Богуславски е по потекло од Москва и потекнува од филмска фамилија. Александар дипломирал на Герасимовиот институт за кинематографија во Русија. Ја режира првата сезона на руската постапокалиптична ТВ серија „Да се преживее потоа“, која беше една од најпопуларните тинејџерски серии во Русија. Истотака, режираше и дел од филмот „Сталинград“, кој заработи 68 милиони долари на светските кино благајни.

По светската премиера, филмот „Надвор од Границите на Реалноста“, ја имаше и регионалната премиера на 2 мај во новотворената Комбанк Арена во Белград, а во нашите кина започнува со прикажување од оваа недела.