Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески деновиве се промовира во Холивуд каде преку затворени проекции им се презентира на членови од Академијата за филмски уметности и науки коишто одлучуваат за кандидатите за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

„Салата беше полна. Не очекувавме дека ќе дојдат сите поканети. Тоа се членови на Академијата и тешко доаѓаат сите на скрининг. Добивме преубави комплименти за филмот“, изјави Ставрески за Гласот на Америка на македонски јазик, пренесувајќи ја атмосферата од досегашните проекции, а во рамки на промотивната кампања на “Исцелител“ за Оскарите.

Македонскиот кандидат за Оскар е во конкуренција е со уште 87 филмови. Гласањето од Академијата е на 10-11 декември, а веќе на 17 декември ќе бидат познати и филмовите кои влегле во потесниот круг.